вторник , 26 септември 2017
damaskNOva-685x320

Асад, Русите и Хезболах подготвени за напад со ново зајакнување

damaskNOva-685x320Сириската армија, нејзините сојузници и Хезболах се подготвуваат за копнена офанзива против бунтовниците во подрачјето на Алепо, со поддршка на руските воздушни напади, изјавија вчера двајца високи регионални офицери, јави Танјуг.

Офанзивата ќе го прошири копнениот напад, кој го покрена истиот сојуз минатата недела против бунтовниците во провинцијата Хама. Дополнително зајакнување се илјадниците ирански војници, кои пристигнаа да учествуваат во копнената офанзива на страната на претседателот Башар ал Асад.

Големата владина офанзива во подрачјето покрај турската граница, може да предизвика уште поголеми тензии со Турција, членка на НАТО, која ги поддржува бунтовниците, кои се борат против Асад. Турција веќе изрази длабока загриженост поради руските воздушни напади.

Контролата на градот Алепо и околните провинции е поделена меѓу сириската Влада и повеќе бунтовнички групи, кои се борат против Асад и Исламска држава.

– Големите подготовки за битка во тоа подрачје се јасни. Голема е мобилизацијата на сириската армија…елитните борци на Хезболах и илјадници Иранци, кои пристигнаа во етапи овие денови, рече висок функционер.

– Одлуката да почне битката за Алепо е донесена, истакна друг функционер.

И двајцата функционери нагласија дека нападот наскоро ќе почне.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …