вторник , 26 септември 2017
Screenshot_214

Астон Вила го отпушти Шервуд

Screenshot_214Раководството на Астон Вила денеска му додели отказ на тренерот Тим Шервуд, објавија медиумите во Англија.

Шервуд на клупата на премиерлигашот од Бирмингем помина само осум месеци, а незадоволството од неговата работа кај раководството кулминира по вчерашниот пораз од Свонси. Тоа беше шести последователен неуспех за Астон Вила во Премиер лигата.

Фудбалерите на овој клуб привремено ќе бидат предводени од Кевин Мекдоналд кој и досега работеше во стручниот штаб.

Шервуд сезонава на 10 натпревари запиша само една победа, а за одбележување е финалето на ФА купот што Астон Вила го обезбеди под негово водство.

Астон Вила се наоѓа на претпоследното место на табелата со 4 бодови и со можност да биде помината од последно пласираниот сандерленд кој денеска го игра натпреварот од 10.коло.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …