среда , 28 јуни 2017
толевски 1

АТЕНТАТ НА МРТ ВРЗ ХИХИРИКУ НА НАШАТА МЛАДОСТ

Нема чесен граѓанин на Македонија кој не слушал хумор и сатира, во Каракадовата радио-емисија, ХИХИРИКУ на МРТ. Само нечесните ги исклучуваа радио приемниците, бидејќи се препознаваа во скечовите и афоризмите. Денес една таква група ја укина емисијата која беше носител на слободната мисла, хумористичко-сатиричен полигон за распнување на девијациите во оштеството, стожер на критичката мисла која тера на размисла за нормален начин на живеење.

Не ми се верува дека има таква будала која укинува 40 годишна емисија, најнаградувана уште од времето на бившата Југославија! Човеку или терористичка групо во МРТ, зошто правите атентат на она најквалитетно што го имавте?! Радио дифузната такса ја плаќам(е) за да се забавувам(е) и информирам(е), а не да ме(не) информирате дека во недела во 11 часот, повеќе нема да се забавувам(е).

Денес, кога сите глумат големи Македонци,некој ги урнува огледалата во кои требаше уште долго време да се огледуваме. Политиката и тука ги замеша своите валкани прсти. Го скрши огледалото заборавајќи дека скршеното огледало носи несреќа. За нив, за оној кој е нарачател на атентатот.

А Иван Карадак и неговата екипа ќе изнајдат начин Хохирику да продолжи да живее. На 40 годишна возраст на сите ни е мил животот. Па и на Хихирику. Иване, постар брату по перо и вокација, горд сум што понекогаш бев дел од твојата емисија, со моите скромни творби. Но сега, тука сум – зошто сум, навреден, понижен од будалите кои глумат големи Македонци и ја бранат Македонија. Од кого Иване мој?!! Од тебе, од твоите што ги праќаат мислите во етерот до чесните Македонци. Ти Иване, сакам да знаеш, ти си мојот најголем Македонец со кого сум работел. Иване, Чоре, Ѓокица, Дедиќ…не знам, ама ако можам нешто да помогнам, тука сум. Најдете сили да продолжите; ќе се најде можеби некое друго студио како замена за подрумите во МРТ; ќе се најдат можеби и неколку спонзори за да се покријат трошоците…

Само Хихирику да не го покрие времето на заборавот. На штета на вистинските Големи Македонци – обичниот народ .

ФБ статус на сатиричарот Васил Толевски

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …