сабота , 21 октомври 2017
изи џет(1)

Авиокомпанијата „Изи џет“ формира нова компанија

Британската нискобуџетна авио-компанија „Изи џет“ основа нова компанија во Австрија за да се подготви за Брегзитот.

Компанијата меѓу првите најави „пакување на куферите“ уште минатата година, кога соопшти дека почнала преговори со регулаторните власти на Европската унија за преселување на седиштето на компанијата од Велика Британија.

Новата компанија треба да се вика „Изиџет Јуроп“, а ќе биде формирана во Виена.

Новоформираната компанија ќе и овозможи на британската фирма да продолжи непречено да лета во Европа по Брегзитот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …