понеделник , 21 август 2017
avon

„Авон“ ја претстави линијата „Марк“ која ги инспирира девојките да креираат

За сите девојки кои шминката ја гледаат како начин да се изразат, да ја истакнат својата личност, да бидат забележани и креативни, компанијата „Авон“ креираше нова линија „Марк“ која е составена од смели и впечатливи мејкап производи. Промоцијата на новата линија ги израдува вистинските љубители на декоративна козметика кои знаат дека шминкањето е уметност.

„Марк“ им дава на трендсетерките дополнителна мотивација да го покажат својот талент за експериментирање и да си играат со техники, бои и текстури како вистински уметници. Благодарение на широкиот спектар високо пигментирани производи за очи, усни, лице и нокти со силни нијанси, девојките имаат неограничени можности да создаваат ремек – дела кои ќе им помогнат да остават впечаток во секоја ситуација.

Најдобар пример за моќен „Марк“ производ инспириран од уметноста е новата маскара Spectralash која овозможува целосна контрола над волуменот на трепките. Поради посебно дизајнираниот апликатор, четкичката може да се намести на три различни густини – за истакнати, поистакнати и најистакнати трепки.

– „Авон“ e компанија која ги мотивира девојките да ја истакнат својата индивидуалност и да бидат свесни за своите неограничени можности. Воедно тоа е приказната зад линијата „Марк“ чии производи им овозможуваат на припадничките на понежниот пол да ја слават својата посебност, да искажат став и да бидат убави и поинакви – посочуваат од компанијата „Авон“.

Производите од оваа линија веќе се претставени во новата брошура на „Авон“ која може да се најде на веб-страницата avoncosmetics.com.mk

 

Слични написи

beni

Немој да се курчиш-нова песна на Бени & Нон стоп

„Никој не се смее, сè полудено“. Се само еден стих од новиот рокенрол на Бени …