сабота , 23 септември 2017
mh17-ukraine-685x320

Австралија нема да дозволи да биде исплашена во барањето правда за загинатите од летот МН-17

mh17-ukraine-685x320Австралија денеска предупреди дека нема да дозволи да биде „исплашена“ додека бара правда за своите загинати државјани во авионот на летот МН-17, откако меѓународната  истрага заклучи дека малезискиот боинг во источна Украина лани бил соборен од ракета од руско производство, информираа француските медиуми.

Меѓу 398-те загинати патници и членови на екипажот 38 беа Австралијци.

Меѓународната истрага, што беше предводена од Холандија, не посочи виновници, иако Киев и Западот ги обвинија проруските бунтовници, а Москва одговорноста ја префрли врз украинската армија.

Во текот на јули Русија стави вето на резолуцијата на ОН, која имаше за цел формирање специјален суд за инцидентот.

-Ние нема да дозволиме никој да не исплаши. Ќе продолжиме да бараме правда за загинатите од авионот на летот МН-17, изјави австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп за австралиското радио.

„Русија се обидува да ја дискредитира истрагата. Протестите на Русија не се изненадување, иако ние нема да ги прекинеме нашите обиди за добивање правда“, додаде таа.

Австралискиот премиер Малколм Тарнбул ги поздрави резултатите од истрагата.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …