недела , 22 октомври 2017
2investicii-71787

Австрија најголем странски инвеститор во Македонија

Австрија, Велика Британија и Грција се трите земји од кои во Македонија влегле највеќе странски инвестиции во периодот од 1997 до 2016 година. Во овој дваесетгодишен период во Македонија влегле вкупно странски инвестиции од 4,6 милијарди евра.

Австрија е на првото место со инвестиции од 567,5 милиони евра или 12,2 отсто од вкупните странски инвестици, додека на второ место е Велика Британија со инвестирани 519,4 милиони евра или 11,2 отсто од вкупните инвестиции. На трето место е Грција со инвестиции од 463,4 милиони евра или 10 отсто од вкупните странски инвестиции.

Листата од Топ 10 најголеми инвеститори во Македонија во 2016 ја дополнуваат Кина со 26,3 милиони евра
директни инвестиции, Италија со 20 милиони евра, Швајцарија со 18,9 милиони евра, Бугарија со 17,8 милиони евра и САД со директни инвестиции од 17,6 милиони евра.

Минатата година, со вкупно 53,1 милиони евра директни инвестиции први на листата се најдоа Обединетите Арапски Емирати.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …