среда , 26 јули 2017
porshe

Автомобилот со кој се создаваа легенди – Porsche 917

Легендарниот Porsche 917K, со кој цело едно лето управувал Стив Меквин за време на снимањето на филмот „Ле Ман“ ќе се продава на аукција и се очекува да достигне цена од над 10 милиони долари.

Легендата на шеесеттите и седумдесеттите години од 20-от век, Стив Меквин, и денес е идеал во актерските кругови, но исто така и во срцата на фановите на автомобилизмот и брзото возење.

Неговата глума била карактеристична поради силниот темперамент и шарм внесени во секоја улога, а најпознат е по неговите улоги на романтичен авантурист, личност која е подготвена на опасности и лутање.

Во светот на филмот, најсилен впечаток тој остави со својата улога во филмот „Папилон“ од 1973 година, кога играше заедно со Дастин Хофман.

Животот на оваа актерска легенда, бил и повеќе од интересен – Меквин бил маринец и моторџија, а сите неговите хобија биле поврзани со адреналин. Возењето на автомобилски трки дури бил и негов конкретен интерес во еден период од животот.

Стив Меквин учествувал во Британскиот шампионат за туристички автомобили во 1961 година возејќи BMC Mini модел, а со кој го освоил третото место. Во 1970 година, учествувал на трката „12 часа на Себринг“, кога и победил со Porsche 908/02.

После тоа, Меквин сакал да вози Porsche 917, но пред него биле поставени две опции – „Ле Ман“, можел да го управува само 24 часа во текот на трката, или во текот на целото лето додека се снима филмот за оваа легендарна трка. Тој се одлучил на второто, затоа што бил воодушевен од уникатните карактеристики на овој модел.

Токму ова легендарно Porsche 917 ќе се појави на аукција во Pebble Beach, Калифорнија наредниот месец.

Оригинално користено како тест возило за Le Mans, Porsche 917K со број на шасијата 917-024 било во сопственост на познатиот швајцарски возач Џо Сиферта. Кога Сиферта настрадал во сообраќајна несреќа во текот на трка во Formula 1, автомобилот бил гаражиран цели две децении пред повторно да се појави во јавност во 2001 година.

Ова неверојатна парче од автомобилската историја било подложено на процес на реставрација, која му ја подарил тимот од Швајцарија, специјалисти на Graber Sportgarage, за сега да биде подготвен да си најде нов сопственик.

„Porsche 917 е еден најважните тркачки автомобили некогаш создадени, а тие се во денешно време многу ценети во круговите на познавачите на спортските натпревари низ целиот свет“, вели претседателот на аукциската куќа, Дејвид Гудинг.

„Овој примерок, со сета своја фасцинантна историја, карактеристични тркачки бои нба каросеријата и веродостојна реставрација, е еден од најдобрите автомобили кои некогаш се понудени на јавно наддавање“.

Се проценува дека овој модел, кој го издржал тестот на времето, исто како Стив Меквин, величина која го управувала и еден од амбасадорите на брендот TAG Heuer, ќе достигне аукциска цена помеѓу 13-16.000.000 долари.

Слични написи

silicone-heart

ВИДЕО: 3Д печатено силиконско срце бие како вистинско

Напредните техники за 3Д печатење со кои се произведуваат меки роботи и машини во иднина …