сабота , 21 октомври 2017
Rabota-na-pat-701x373

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде завршен до септември

Владата и кинеската градежна фирма „Синохидро“ се договориле да не плаќаат меѓусебни „пенали“ во однос на рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип. Како што објавија од Владата, со анекс на договор двете страни се договориле патот да е готов до септември следната година. До 15 февруари следната година, македонската страна, односно „Македонија пат“ има рок до 15 февруари од трасата да урне 2-3 објекти, а после тој рок кинеската фирма треба да го заврши проектот.

Станува збор за новата автопатската делница Миладиновци-Свети Николе Штип, во должина од 47 километри. Досега се завршени 74 отсто од градежните работи околу проектот вреден 206 милиони евра.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.