недела , 24 септември 2017
branko azeski

Азески: Проблемот со српското брашно е решен

branko azeski
Проблемот со увозот на српско брашно во Македонија е решен, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески за новинската агенција Танјуг.

Според Азески, станува збор за технички пропуст на македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство кој во Србија бил протолкуван како воведување ембарго.

– Можам официјално да кажам дека овој проблем влијаеше и на македонските компании, не само на српските. Но, во соработка со Стопанската комора на Србија и надлежните министерства на двете земји, го разрешивме, нагласува Азески, изразувајќи уверување дека вакви проблеми во иднина нема да се повторуваат.

Во медиумите деновиве излезе информација дека Македонија ја подигна рампата за брашното од Србија со објаснување дека за српското брашно не добиваат доволно контролни маркички потребни за ставање во промет на производот.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …