вторник , 26 септември 2017
joe_biden_kb_130913_16x9_608-608x320

Бајден нема да учествува во претседателската трка

joe_biden_kb_130913_16x9_608-608x320Потпретседателот на САД Џозеф Бајден соопшти денеска дека нема да биде кандидат за претседателската номинација на демократската партија за изборите во 2016 година.

– Бидејќи нема да бидам кандидат, нема ни да молчам, изјави 72-годишниот Бајден пред новинарите во белата куќа, додека беше во душтво на претседателот Барак Обама и својата сопруга Џил.

Бајден два пати беше кандидат за претседател, а повеќе од три децении беше сенатор од Далавер, пренесува Танјуг.

Американските медиуми истакнуваат дека со оглед на тоа дека ужива голема популарност меѓу белите избирачи од средната класа, би можел да одигра значајна улога во внатрепартиската кампања, доколку одлучи да поддржи некој од кандидатите.

За фаворити меѓу кандидатите на Демократската партија за претседател на САД важат поранешната американска државна канцеларка Хилари Клинтон и новата ѕвезда на демократската левица Берни Сандерс.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …