вторник , 24 октомври 2017
baloteli-galijani

Балотели се врати во Милан

baloteli-galijani
Марио Балотели повторно е член на Милан. По само една година помината во Ливерпул каде што замина токму од редовите на Милан, тој се врати назад, но овој пат на едногодишна позајмица.

– Среќен сум што се вратив, едвај чекам да се приклучам на тренинзите со екипата. Физички се чувствувам многу добро, а сум мотивиран како никогаш до сега. Дали некогаш помислив дека ќе се вратам во Милан? Да, Милан ми е во срцето. Дали ќе ја завршам кариерата во Милан? Ќе видиме, сега треба вредно да работам да изиграм добри натпревари, а дури после ќе може да зборуваме за тоа, изјави Марио за клупската телевизија, одговарајќи на прашања коишто сам си ги поставуваше.

Милан треба да му плати три милиони фунти на Ливерпул за едногодишна позајмица со тоа што италијаните ќе бидат во можност идното лето целосно да го откупат договорот на Балотели.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …