вторник , 26 септември 2017
bankimun-1-540x320

Бан Ки-мун не е оптимист во врска со израелско-палестинската криза

bankimun-1-540x320Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изјави дека не е оптимист во врска со претстојните разговори меѓу израелските и палестинските лидери.

Бан од Аман преку видео-бим им се обрати на учесниците на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, одржана зад затворени врати, изјави дипломатски извор

Како што јави Танјуг, генералниот секретар на ОН се наоѓа на блискоисточна турнеја за да побара од Израелците и Палестинците да се повлечат од точката на опасна ескалација, која би можела да доведе до повторни судири.

По средбите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Палестинците Махмуд Абас, Бан изнесе реална проценка на ситуацијата.

Тој на членките на СБ на ОН им посочил дека е загрижен оти ситуацијата би можела да се влоши од двете страни.

Бан по средбите со Нетанјаху и Абас наведе дека не е оптимист, оти нема време за губење и оти е потребно двајцата лидери да се натераат на смирување и повлекување од работ на амбисот.

Во судирите, кои есклалираа од почетокот на месецот загинаа најмалку 46 Палестинци и осум Израелци.

Бан во вторникот со сретна со Нетанјаху, а вчера со Абас, по што замина за Аман, каде денеска ќе разговара со кралот на Јордан Абдула Втори.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …