недела , 22 октомври 2017
bankimun-on

Бан: Владите треба повеќе да се ангажираат за решавање на кризата со мигрантите

bankimun-on
Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун изјави дека е „шокиран“ и изрази жалење поради смртта на мигрантите во Австрија и во Средоземно Море.

Тој синоќа апелираше до владите да вложат поголеми напори за решавање на мигрантската криза во Европа.

Бан ги пофали лидерите и заедниците кои преземаат акција за решавање и прием на се поголемиот број бегалци, но додаде дека е „потребно да се направи многу повеќе“.

Во меѓувреме Белата куќа соопшти дека мигранстската криза во Европа покажала дека Блискиот Исток има влијание и надвор од регионот.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека Европа треба да се справат со трговците со луѓе кои ги експлоатираат мигрантите, и да ги заштитат човековите права на бегалците.

Реакцијата на Бан и на Белата куќа уследија по информациите за нови трагедии на копно и на море при што за 48 часа загинаа над 270 луѓе, а нивниот број од почетокот на годината изнесува 2.400.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …