среда , 26 јули 2017
bardi

Барди ги мина лекарските прегледи, Македонија пак ќе има фудбалер во Примера

Македонскиот фудбалски бисер, Енис Барди доцна синоќа пристигна во Валенсија и утрово ги мина лекарскире прегледи со новиот шпански прволигаш Леванте. Плејмејкерот на Ујпешт ги договори сите детали со клубот од предградието на Валенсија и по подолго време Македонија ќе има свој претставник во најсилната лига на светот, Примера.

Барди попладнево треба и официјално да стане фудбалер на најуспешната екипа минатата сезона во Сегунда, Леванте и да го има своето официјално претставување. Овој млад фудбалер блесна во унгарскиот шампионат, а потврда на својата зрелост покажа на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

Мирко Петров беше првиот Македонец кој играл во Шпанија, а Благоја Китановски прв кој настапувал во најсилната шпанска лига. Потоа следеа деведесеттите и настапи на Стојковски, Канатларовски, Најдовски, Бобан Бабунски, Станиќ, а до пред две сезони член на Барселона Б беше Давид Бабунски. И натаму во Шпанија за Настик од Тарагона настапува Столе Димитриевски, кој претходно го носеше дресот на Гранада.

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …