понеделник , 25 септември 2017
asad

Башар ал-Асад е подготвен да организира претседателски избори во Сирија

asadСирискиот претседател Башар ал-Асад изрази подготвеност да организира претседателски избори во земјата, на кои планира да учествува, изјави за француските медиуми рускиот пратеник Алексанадар Јушченко, кој во моментов престојува во Дамаск.

-Тој е подготвен да организира избори со учество на сите политички сили кои сакаат Сирија да просперира, телефонски изјави Јушченко, по средбата со сирискиот претседател.

Асад изјави дека е „подготвен да разгледа уставни измени, да организира парламентарни избори и доколку народот на Сирија смета дека е потребно тогаш е подготвен и за претседателски избори“, раскажа пратеникот на Комунистичката партија на Руската федерација, кој во регионот се наоѓа во хуманитарна мисија, забележа ТАСС.

Според Јушченко, Асад е „апсолутно уверен во своите сили“, доколку излезе на претседателски избори.

Освен Јушченко во Сирија се наоѓаат уште неколку руски пратеници и сенатори. Еден од нив – сенаторот Дмитриј Саблин, пак, телефонски за ТАСС изјави дека Башар ал-Асад на руските парламентарци им кажал дека ефикасноста на активностите на руските воздухопловно-вселенски војски во Сирија ги надминала очекувањата на сириската страна, но, исто така, и на американската страна.

Сирискиот претседател пред руските пратеници кажал дека очекувал висок квалитет на учество на руската авијација во борбата со тероризмот, но ниту сириските власти, ниту Американците не очекувале дека руската борбена авијација ќе биде толку ефикасна.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …