сабота , 23 септември 2017
Dzes-Bejli

Бејли и Ван Хојте ја засилија лидерската средба

Dzes-BejliПреговорите добија засилување, така што на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан пристигнаа и американскиот амбасадор Џес Бејли и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.

На лидерска средба со еврокомесарот се претседателите на четирите најголеми партии во Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна на средбата со Радмила Шекеринска, Рената Десковска, Дамјан Манчевски и на Оливер Спасовски.

Претходно, еврокомесарот Хан се сретна со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во придружба на Груевски беа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, министерот за здравство, Никола Тодоров, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …