среда , 18 октомври 2017
bejta

Бејта очекува по трет пат да го освои Гостивар

Актуелниот градоначалник општина Гостивар и кандидат за уште еден мандат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, очекува победа во првиот круг. Бејта е убеден дека ја има поддршката на мнозинството граѓани. Тој изјави дека ќе ги респектира неговите конкуренти, но, како што рече, нема да се занимава со нивните кампањи.

На новинарско прашање кои се неговите очекувања и проценки за претстојните избори Бејта нагласи не се кандидирал по негова желба, туку тоа била желба на мнозинството граѓани од општина Гостивар.

– Тие го ценат она што јас лично и мојот тим соработници сме го направиле за градот. Од расположението кое го гледам кај нив и со измените на Изборниот законик, сметам дека ќе го победиме во првиот круг – рече Бејта одговарајќи на новинарско прашање при посетата на ОУ „Единство“.

Доколку победи, на Бејта тоа ќе му биде трет мандат, тој пред 12 години победи и раководеше со општина Гостивар. На наредните избори загуби од Руфи Османи, од кого пред чтеири години ја презеде градоначалничката функција. Нему за најсериозен кандидат од вчера му се препишува актуелниот министер за здравство Арбен Таравари, како кандидат на Алијансата на Албанците.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.