недела , 22 октомври 2017
mouscron-701x394

Белгија: Брутално убиен градоначалникот на Мускрон

Бруталното убиство на градоначалникот на белгискиот град Мускрон ја шокира Белгија, а премиерот бил „шокиран“ поради насилната смрт на пензионираниот член на федералниот парламант, кој бил пронајден на гробиштата со пресечен грклан.

Белгиските медиуми, повикувајќи се на обвинителството, објавија дека Алфред Гаден (71), градоначалник на Мускрон, град од 57.000 жители, кој се наоѓа во близина на француската граница, бил пронајден мртов на гробиштата кои се наоѓаат во близина на неговата куќа.

Како што пренесува локалниот медиум „Судинфо“, повикувајќи се на неименувани извори, осумничениот за убиството сам ѝ се предал на полицијата, а мотивите за бруталното убиство не се познати.

Случајот му е предаден на обвинителството, а не на истражителите чија специјалност е антитероризам.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …