четврток , 19 октомври 2017
page_benzine-8-kurus-zam-geldi_446129858

Бензините поскапуваат до еден денар, дизелот со иста цена

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,00 денари за литар.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и во наредните две недели ќе чини 48,00 ден/лит.

За 0,112 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 23,881 денари.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …