петок , 22 септември 2017
katicajaneva12-685x320

Без објаснување одложена расправата за обвинителите на Јанева

katicajaneva12-685x320Советот за јавни обвинители од нејасни причини денеска ја одложи седницата на која требаше да се одлучува за останатите седум обвинители предложени од Катица Јанева, со кои би се комплетирал тимот на специјалното јавно обвинителство.

Како што дознаваме Јанева испратила допис до Советот во кој се бара изгласување на останатите нејзини помошници и иако седницата требаше да се одржи денеска во 10.00 часот, таа е одложена без објаснување.

Утринава новинарите биле замолени да ја напуштат салата во Советот каде се одржуваат седниците. После извесно време им било речено дека седницата нема да се одржи и дека се одложува за утре во 10.00 часот. Претседателот на Советот, Петар Аневски, кој претходно редовно ги информираше новинарите, сега е недостапен на неговиот телефон.

Вчера Аневски изјави дека Советот добил допис од Министерството за правда со кој се бара изгласување на останатите седум обвинители на Јанева.

Во прилог на дописот биле и потписи од четирите најголеми политички партии. Аневски вети дека денеска ќе се расправа за барањето од Министерство доколку Јанева испрати барање до Советот, но посочи дека тоа не значи оти ќе бидат изгласани, туку дека останува на членовите да се произнесат. При тоа додаде дека веќе избраните кандидати се доволни за специјалното јавно обвинителство да може да работи.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …