вторник , 26 септември 2017
begalcigrupa

Би-Би-Си: Сириски бегалци сакаат да преминат во Христијанството

begalcigrupaСириски бегалци сакаат да преминат во христијанството, со цел полесно и побрзо да заминат од кофликтите во својата земја, од каде бегаат кон Западот и ЕУ, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на разговори со Сиријци кои чекаат покрај турскит брег на Егејско Море на шверцерите на луѓе, кои треба да им обезбедат префрлање до грчките острови.

Многумина од нив признават оти барем еднаш биле измамени од шверцерите кои им ги зеле парите, а потоа исчезнале, но не кријат дека се решени по секоја цена да заминат подалеку од војната.

Една млада сириска брачна двојка објаснува дека не можат повеќе да останат во својата земја, но дека не може да останат и во Турција, на која гледаат како на „нестабилна држва, каде исто така се војува“, мислејќи на судирите на турските безбедносни сили со милитантните Курди.

Оваа двојка не крие дека ќе се откажат од Исламот, за да станат христијани и сосема да избегаат од регионот од каде потекнуваат.

Според Би-Би-Си, атмосферата во турската јавност е поделена кога станува збор за бегалците од соседна Сирија. Едни сметаат дека Турција е „обврзана“ да помогне, затоа што многумина Турци имаат свои роднини во соседството.

Други, меѓутоа, веруваат дека бегалците се товар што земјата не може да го поднесе, дека добар дел од нив просјачат по градовите, работат на црно и им ја одземаат работата на домашните работници.

– Нашиот претседател, прво им ја отвори границата на бегалците, а сега им ги отвара морињата за да се удават, вели еден турски бизнисмен од крајбрежниот појас, каде бегалската криза се претвора во бизнис.

Покрај бројните шверцери на луѓе, развиен е и бизнисот со облека за патот на бегалците преку морето и за патувањето низ континентот, а особено е развиена трговија со појаси за спасување, за кои експертите мислат дека во случај на опасност, се сосема бескорисни.

Од почетокот на бунтот на вооружената сириска опозиција и отпорот на властите во Дамаск, во Турција избегаа милиони луѓе, а сега се верува дека има меѓу два и три милиони бегалци. Независни набљудувачи забележуваат дека Владата во Анкара не прави ништо за да го спречи нивното заминување кон Европа, отворајќи го својот западен брег за сите кои сакаат да си одат.

Пишувањето на Би-Би-Си, доаѓа во време кога Анкара и Брисел настојуваат да се спогодат околу справувањето со бегалскиот бран, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е во седиштето на ЕУ на разговори за кризата, која европските политичари ја прикажуваат како најголема во повоена Европа.

Брисел бара од турската Влада значитечно да ја засили контролата на својот брег и на границите, предлагајќи и на Анкара да дозволи патролирање на бродови од земјите на ЕУ, за да се запрат илегалните преминувања, како и изградба на поголеми и подобро опремени кампови за бегалците, нудејќи за тоа финансиска помош.

Турција пак бара поддршка за нејзиниот план за создавање на „безбедносна зона“ над турско-сириската граница, што ЕУ, а пред се, Германија, категорично го отфрла. Анкара смета и на поголемо европско учество во завршувањето на сирискиот конфликт и бара од ЕУ да прими уште повеќе бегалци.

Турските власти не ги сметаат Сиријците како бегалци, туку само како „гости“ затоа што на тој начин не се обврзани да им обезбедуваат сместување, здравствена заштита, работа или образивание.

Таквиот нивни статус им овозможува на властите во Турција изговор, бегалците да не останат на нејзнината територија, па и натаму,секој ден по пет илјади лица се префрлаат на некои од грчките острови.

Таквата ситуација ја користат шверцерите на луѓе кои, како што оценува Би-Би-Си, слободно шетаат по западниот турски брег, нудејќи им за скапи пари превоз на бегалците кон Грција и европскиот Запад.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …