сабота , 21 октомври 2017
132764803-540x320

БиХ и Црна Гора потпишаа Договор за разграничување

132764803-540x320Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак и министерот за внатрешни работи на Црна Гора; Рашко Коњевиќ денеска во Виена потпишаа договор за разграничување, пренесува Танјуг.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и претседавачот со претседателството на БИХ, Драган Човиќ, како и претседателот на Австрија Хајнц Фишер.

До документот практично се решава прашањето на меѓудржавните граници на БиХ и на Црна Гора.

– Договорот испраќа посебна порака бидејќи БиХ има нерешени прашања за границата со Хрватска и со Србија. Испраќаме порака дека сами треба да ги решаваме проблемите со границата. Пред се мораме да ги отстраниме проблемите во комуникацијата, истакна Човиќ.

Црногорскиот претседател Вујановиќ изрази задоволство од постигнатиот договор.

– Без меѓународно посредување, со добра волја, добрососедски односи и пријателски однос меѓу двете земји договоривме договор кој го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ и на Црна Гора, а ја дефинира и соработката меѓу земјите, посочи Вујановиќ.

Претседателот на Австрија наведе дека потпишувањето на Договорот покажува оти „проблемите можат да се решат на мирен начин“.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …