вторник , 26 септември 2017
avioncekokainsko11

БИЗНИС ЕР кокаинско ,,авионче,,

avioncekokainsko11
Сашо Мијалков е приморан да лета со обични комерцијални летови затоа што не смее да лета со неговиот приватен авион Z3 DAG (Piper Seneca). Овој приватен авион 24/7 е следен од НАТО сателитите и нон стоп е под надзор од центарот Г4 во Таранто, Италија. Инаку, Z3 DAG (Piper Seneca), според документацијата е во сопственост на Емил Стојменов (ТВ КАНАЛ 5), Жарко Луковски (директор во ТЕЛЕКОМ) и Илија Малинковски (МИКЕИ и КАМНИК). Летаат под име ,,БИЗНИС ЕР,,. Оваа ТРОЈКА е организирана од Мијалков, бидејќи според негова проценка му се лојални. Во нивната шема, освен перење пари украдени од буџетот, преку ТВ реклами на ,,КАНАЛ 5,,, имаат и шема за перење пари преку купување скапоцени вина од винаријата КАМНИК. Дел од парите што нелегално ги ,,вртат,, и исцицуваат од ТЕЛЕКОМ преку Луковски ги легализираат преку винаријата Камник. Луковски за репрезентативни потреби на ТЕЛЕКОМ, набавува вино, ама цената за една ботилка е 200 евра/комад кога плаќа ТЕЛЕКОМ. Шема плус е набавката на мобилни телефони за ТЕЛЕКОМ од страна на директорот Жарко Луковски, кој пак телефоните ги набавува по ,,фризирани цени,, преку увозни фирми на кои сопственик е бизнисменот Жарко Луковски, пишува новинарот Зоран Божиновски во Буревесник

Авионот Z3 DAG (Piper Seneca), од страна на оваа тричлена ,,тајфа,, е купен по налог на Сашо Мијалков, да му служи кога патува итно по светот. Арно ама, откако авионот е ставен на ,,црна листа,, на НАТО, поради сомневање дека пренесуваат кокаин, Мијалков преминал на комерцијални летови. Еден од таквите, во Белград заврши со апсење поради пиштолот и хируршките ракавици најдени во неговиот багаж.

Од пред неколку месеци во косопственост на авионот (заедно со тричлената тајфа!) се придружува и содружник од Белград. Фирмата се вика NEW AGE INVESTMENT co DOO, BELGRADE. Приемот во содружништво и завршување на целата папирологија Мијалков, Луковски и Стојменов му го препуштиле на Илија Малинковски и тој си ја завршил работата така да овие немаат поим кого вклучил во ,,игра,,. Белградската NEW AGE, е само ќерка/фирма на мајката со исто име од Вирџинија, САД. Илија Малинковски си го послушал чичко му од Америка, YURI MONTGOMERY, алијас Јури Малинковски, па во Белград направил иста фирма со ист назив како онаа во САД. Малинковски пак веќе е на американска ,,црна листа,, поради шверц на тешки дроги, најчесто кокаин. Телото во САД кое става на ,,црна листа,, вакви персони се вика БИС и е дел од Стејт Департментот. Со спојувањето на фирмата ќерка од Белград и фирмата мајка од Вирџинија, сопствениците на приватниот авион веќе се под правна јурисдикција на САД. Како и сите оние кои имаат врска со нив. Сашо Мијалков е во тој ,,круг,,. Фактички, поради глупоста на Малинковски, сами се пријавиле за мониторинг.

Прочитајте повеќе на БУРЕВЕСНИК.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …