петок , 22 септември 2017
sumaher2-golema-615x400-615x320

Близок пријател на Шумахер ја открива вистината за здравствената состојба на шампионот

sumaher2-golema-615x400-615x320Блискиот пријател на легендарниот возач на Формула 1, Рос Браун, го посетил Шумахер и тврди дека за него сеуште постои надеж за опоравување.

Шумахер помина 159 денови во кома, па од клиниката за рехабилитација во Лаусениеи, бил пренесен дома, каде за него се грижи неговата сопруга Корина. Досегашните трошоци за лечењето достигнаа износ од околу 12 милиони евра.

„Се молиме за него. Опоравувањето е бавно, но надеж сеуште има“, кажа Браун, кој е постојано до големиот шампион.

Рос Браун бил на чело на тимот на Ферари во Формула 1 во времето на најголемите успеси на Германецот во овој автомобилски спорт.

За потсетување Шумахер се повреди на скијање на крајот од 2013 година. Доживеа крварење на мозокот, па падна во кома. Процесот на опоравување сеуште трае.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …