понеделник , 23 октомври 2017
Vlae 1

Богоев: Во Карпош е чиста работата, прашање е само разликата!

Фокусирани сме на решенијата кои ќе ги спроведуваме од 16-ти октомври, рече Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош, на средбата со граѓаните од Влае.

Граѓаните се револтирани од нереализираните ветувања на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ.

Нема да им помине обидот, пред избори, да стават слој асфалт на ул. Франце Прешернза да ја добијат нашата доверба, посочи еден од присутните граѓани на средбата.

Богоев се осврна на конкретните проекти за оваа урбана заедница, како што се: реконструкција и доградба на градинката во Влае 1, промена на покривите на т.н. мавровски згради, доделување на општинските простории од мостот Влајкона користење на пензионерски клубови и младински организации.

Исто така, ќе спроведеме и целосна ревизија на финансиското работење и начинот на кој се трошеле парите на граѓаните.

Богоев ги повика присутните да го поддржат и кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и носителката на Советничката листа, Билјана Секуловска – Габер.

Само заедно може системски да пристапиме кон решавање на проблемите.

Карпош ќе има значајна поддршка од градската и централната власт, за реализација на гасификацијата во општината, намалување на загадувањето на воздухот, полесен пристап до руралните делови и нивна планска урбанизација.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …