вторник , 24 октомври 2017
Bogoev slika_pres_karpos 04.09.2017

Богоев: Загадувањето во Карпош е алармантно, по локалните избори следуваат сериозни проекти за почист воздух

Загадувањето во општина Карпош кое е високо и за време на летниот период, достигнува драматични размери. Официјалните податоци покажуваат дека овен ПМ честички, во воздухот постои и големо количество арсен.

 Присуството на канцерогената супстанца арсен во воздухот, на моменти изнесувала и 14 нанограми на метар кубен што е двојно повеќе од пропишаната граница од 6 нанограми на метар кубен. Тоа е огромно количество отров што жителите на Карпош го вдишуваат.

Додека граѓаните на Карпош дишат опасен воздух кој и не е доволно испитан, локалната власт предводена од Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираат овој огромен проблем во општината. Граѓаните на Карпош се оставени сами на себе да се борат против загадувањето и сами да ги лоцираат и пријавуваат загадувачите, без никаква помош од локалната власт.

 

Почитувани граѓани,

 Состојбата со енормното загадување е алармантна. Загадениот воздух без исклучок е закана по здравјето на сите граѓани кои живеат и работат на територијата на општината.

 Затоа, по победата на изборите планираме попис на целото зеленило на територија на општина Карпош и негова заштита, изградба на нови паркови и зелени површини секаде онаму каде што е изводливо, како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт. На овој начин ќе се заштити и унапреди постоечкото зеленило и ќе се лоцираат и казнат загадувачите. Гарантираме чист воздух и поголеми зелени површини за сите граѓани на Карпош.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …