вторник , 26 септември 2017
bogoeski

Богоевски ќе поднесе кривична пријава против Ахмети и Џафери

Поранешниот директор на ДБК, Слободан Богоески, по одложувањето на денешните две рочишта со Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ, поради тужба за клевета, најави дека тој ќе покрене кривична постапка против подносителите на тужбата.

Неговото образложение е дека согласно американското и македонското законодавство самата тужба за клевета не е дозволена, бидејќи тој изјавата од која Ахмети и Џафери се почуствувале наклеветени ја дал пред судот во Њујорк, како сведок во случајот „Маѓар Телеком“. Богоевски потсети дека со поднесените тужби за клевета, на еден начин се врши негово заплашување и влијание, како сведок, што е казниво.

“Тужбата за клевета за исказ даден во судска потапка не е дозволена. Воедно, според американското законодавство, а и според членот 368-а од Кривичниот законик, казниво е влијанието врз сведоци во судска постапка. Целта е како ненадлежен суд да издејствува пресуда против мене, која би ја користеле да ја амортизираат мојата изјава во постапките што се водат во Њујоршкиот суд и во Обвинителството за организиран криминал во Македонија “, изјави Богоевски.

Тој објави документ од Комисијата за хартии од вредност на САД, кој го поткрепува неговото тврдење, односно дека не смее да одговара за изјава што ја дал во судски процес.

„Вашите изјави дадени за СЕЦ ќе бидат изнесени како доказ на судењето на 7 мај 2017 година во Њујорк. Вашите изјави беа дадени на барање на СЕЦ. Истите беа дадени под заклетва, како што се дава при барање на сведоштво под заклетва во САД. Исто така и адвокатите на тужените имаа можност накрсно да ве сослушаат. Тужените Штрауб, Балог и Морваи оспоруваа дека вашите изјави не можат да бидат соодветно прифатени како доказ во тужбата од страна на СЕЦ. Судијата Ричард Саливан ги сослуша аргументите на странките и го отфрли оспорувањето. На 11 август 2015 година судијата Саливан пресуди дека вашата изјава ќе биде прифатена како доказ на судењето“.

Понатаму, во писмото што го добил Богоевски од Комисијата за хартии од вредност на САД, пишува дека тој треба да биде соодветно заштитен поради дадената изјава, а не тужен.

„Во Соединетите Држави, сведок што се повикува да сведочи во судска постапка не се става во опасност од парница за клевета. Американскиот правен систем признава дека едно независно судство не може да функционира ако сведоците можат да бидат заплашувани поради тоа што дале изјава. Во овој случај не постои сомнеж дека вашата изјава беше дадена во судска постапка, и заслужува соодветна заштита“, се вели во писмото кое Богоевски го добил од Роберт И. Доџ, помошник на главниот правен застапник, Оддел за извршување, Комисија за хартии од вредност на САД.

dokument

dokument1

Според сведочењето на Слободан Богоевски за Њујоршкиот суд, 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари – тогашниот премиер Владо Бучковски и Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ.

Денешните рочишта беа одложени бидејќи на Богоевски се уште му течел рокот за да одговори на тужбите. Наредното рочиште е закажано за 27 јануари.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …