недела , 22 октомври 2017
98162-uefa-le-fudbal-trening-na-vardar-13092017-2471

Бојкот за „Филип Втори“?! Вардар со Ренова ќе игра во Маџари

Македонскиот првак Вардар нема да игра на „Филип Втори“ на првиот меч како домаќин откако јавно го осуди зголемувањето на цените на АДСДП за изнајмување на нашиот најголем стадион. В среда „црвено-црните“ ќе бидат домаќини на мечот против Ренова, во рамките на шестото коло од Првата лига, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

vardar - renova najava

Вардарци платија речиси 40.000 евра за организација на натпреварот со Зенит во Лигата на Европа, а тројно се зголемени цените за користење на „Филип Втори“ и за мечевите од домашното првенство кои според новиот тарифник изнесуваат 3.000 евра. Дали е ова отпочнување на бојкот, за кој сепак нема официјална потврда, или само парцијална одлука на клубот, останува да покаже времето.

И Работнички досега како домаќин во новата сезона своите натпревари ги играше на стадионот во Ѓорче Петров.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …