понеделник , 21 август 2017
Снежана Ангелковска Трајковска

Борец во класична смисла е детерминиран како жртва…

Понекогаш размислувам, ми летаат мислите, ми навираат идеи.
Ова е политичко лудило, ама скроз отидено општество.
Ма не е ни цивилизација. Ова е реплика на здравиот разум.
Без разлика дали протекува оџакот во резиденцијата на Водно или во едно периферно училиште во Ѓорче.
Ама важно тече, течат некаде и солзи, некаде од мака, некаде крокодилски, ама од страв.
Може влегуваме во една завршна фаза на една поширока трагедија, која на крајот ќе ја добие и својата јавна осуда. За некој казна, многумина ја гледаат како спас. Сатисфакција!.
Во било која опција, ние сме во сферата на притаен мир. Од кој треба да произлезат страшно прецизни одлуки.

Несреќно е во здравството, боли многу во школството. Над колективната социјала лебди духот на сиромаштвото, во општините царува провинцијалскиот дефетизам.
Во грч е целото општество. Лепакот кој ја прави целината одамна не фаќа а во огледалото се гледа одразот на тажните лица. Без разлика, на жени или мажи.

Пишувам без било каква про и анти- феминистичка црта.
Борец во класична смисла е детерминиран како жртва. Во современа, како браник од лудите.
Идат сериозни фронтови. На нив гледам цунами, па нека го водат нај силните, нека се сурфери на таа вода која треба конечно да го однесе хаосот.
Моите лични позиции не ги авторизирам, нит својатам. Тоа е во мојата глетка едно заедништво околу кое треба да се обединуваме и прошируваме, и со размислувања и со реализации.
Па кој како гледа, јас мирисам победа.
И тоа многу скоро!!

ФБ статус на Снежана Трајковска

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …