четврток , 19 октомври 2017
bojko-borisov-540x323

Борисов: Грција да го реши спорот со Македонија како Бугарија

Грција и Македонија треба да најдат решение за меѓусебниот спор како што тоа го направија Софија и Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Треба да се најде решение меѓу двата народа така како што ние го најдовме бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ, истакнува Борисов во изјава за „Труд“ одговарајќи на прашање зошто на вчерашната среба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев.

За создавањето на т.н. „Варнанска четворка“ бугарскиот премиер оценува дека со тоа се потврдува заедничката волја за обединување, европска интеграција и за почитување на европските принципи и правила. Тоа воедно значи и решавање на прашањата кои се важни за Балканот, истакна Борисов.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …