сабота , 24 јуни 2017
zaev borisov

Борисов: Со новата влада ќе разговараме за европскиот план за Македонија

Само стабилно управување во Македонија може да ги смири политичките страсти во земјата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за телевизијата „ТВ+“, откако претседателот Ѓорге Иванов го врачи мандатот за состав на влада.

Борисов, откако Европската унија го поздрави доделувањето на мандатот на опозицискиот лидер Зоран Заев, оцени дека сега се е во рацете на политичарите во Македонија.

Според бугарскиот премиер, откако ќе има влада ќе може да биде организирана билатерална средба за европската иднина на Македонија.

– Моментот кога ќе има влада ќе организираме билатерална средба со колегите од Македонија, заедно со министрите за надворешни работи и да го направиме европскиот план за Македонија, бидејќи нас ни претстои претседателството со ЕУ и претпоставувам дека на агендата ќе биде темата за проширувањето, изјави Борисов.

По случувањата на 27. април во македонскиот Парламент, бугарскиот премиер Борисов остварил телефонски разговори со македонскиот претседател Иванов, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевскина и на СДСМ Зоран Заев, и како што пренесува „стандардњус.ком“, повикал за смирување на ситуацијата, почитување на законите и изразил поддршка за евроатлантската интеграција и територијалниот интегритет на Македонија.

Слични написи

cof

Еснафот се собра на ифтар на плоштадот “Скендербег”

Вечерва на плоштадот “Скендербег” еснафот ги почести своите пријатели со ифтар по повод рамазанските пости. …