сабота , 21 октомври 2017
Brasss

BRASS BROTHERS со нивна кавер верзија на Pulp Fiction Theme

BRASS BROTHERS е лимено-дувачки состав, што постои со цел да ја забавува пошироката јавност со разни стилови на музика.

Битолската музичка дружина што веќе неколку години е виновна за одличните забави ширум Македонија,

BRASS BROTHERS e уникатен проект со личен печат кој постојано се насочува кон нешто ново, што истовремено е и доста интересно и возбудливо што при изведбата им дава на песните уникатно звучење.

Овој состав изведува дела од светската музичка сцена, а исто така и дела од македонски автори. Битолската музичка атракција Brass Brothers повторно не изненадуваат со уште една бомбастична изведба на култната тема од филмот на Квентин Тарантино „Евтини приказни“ (Pulp Fiction).

Во спотот музичарите од Brass Brothers се облечени како главните ликови од филмот ClockWork Orange на режисерот Стенли Ќубрик.

Уживајте!

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …