вторник , 26 септември 2017
otpad2

Братче и сестриче од Делчево се борат за живот, место бонбони голтнале тешки седативи

otpad2
Братче и сестричка од Делчево се борат за живот. Наместо бонбони, голтнале тешки седативи. Ги нашле играјќи си на улицата позната како Пустевски ендек во Делчево. Децата на возраст од 7 и 4 години околу 18 часот биле примени во делчевската брза помош во тешка здравствена состојба.

„Фамилијата донесе таблети асентра и кај едното дете најдовме таблети верапамил“, изјави д-р Гоце Стојменовски, раководител на Итна медицинска служба Делчево.
Драмата за да спасат двата детски животи во делчевската брза помош траела неколку часа.
„Направивме лаважа, децата развија блокада на срцето, едното од втор, другото од 3 степен“, појасни д-р Стојменовски.
Децата се префрлени на детската клиника во Скопје, од каде информираат дека тие денеска се во добра општа состојба, благодарение на навремената интервенција:
„Тука ги нашле, прво велеа во буре, па после тука на улица, многу беше тешко“, кажа Ерсин Ибраимов, татко на децата.
Ова семејство живее од социјална помош и во мизерни услови. Соседите велат дека децата, најверојатно, биле гладни.
„Тешко живеат, децата ги напушти мајка им, сега Ерсин ги гледа со мајка му и таа е болна. Сигурно биле гладни“, рече Тони Јакимовски, сосед.
Таблети кои пливаа по ендекот крај улицата забележавме и денеска. Дали братчето и сестричето ќе го запалат алармот и кај жителите на оваа улица и кај надлежните општински служби за посовесен третман на лековите?

Извор: ТвСтар / Даниела Такева

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …