четврток , 19 октомври 2017
karlinjo-2-615x353

Бразилецот Карлињо ќе ја засили Шкендија ?

karlinjo-2-615x353
Бразилскиот дефанзивец Карлињо Рех извесен период ќе биде на проба во Шкендија и ќе се обиде да го убеди раководството во своите квалитети. Карлињо (28) денеска го одработи првиот тренинг со екипата која се подготвува за денешниот дуел со Хоризонт Турново.

Бразилецот претходно настапуваше за екипата на Ботафого со која одигра 11 натпревари во бразилската Серија Б, а сега е слободен играч.

На проба во тетовскиот прволигаш е и францускиот дефанзивец  Диаките и според информациите од клубот, стручниот штаб за неколку дена ќе одлучи кој од овие двајца фудбалери ќе остане како засилување во редовите на Шкендија.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …