вторник , 27 јуни 2017
рамон

Бразилецот Рамон измамен од ФК “Победа” и директорот Ингилизов, правдата ја бара на суд

Играчот кој требаше да биде засилување за Победа, сега по судски пат ќе докажува дека ФК Победа и претседателот Гоце Ингилизов го измамиле и финансиски го оштетиле

Македонскиот фудбал знае да биде прилично суров на моменти. За кого како. За наши фудбалери, за странци, за поединци, за колектив. Сме биле сведоци на многу скандали, на многу афери, кои добиле епилог или не, сепак, оставиле црна дамка во опстојувањето на најпопуларниот спорт кај нас. Секој би сакал да напише, да одбележи успех, но кога ќе се случи скандал, тој уште како треба да биде третиран за да не се повтори нешто слично.
Последниот кој ќе ја потресе македонската јавност, а особено прилепската, доаѓа од таборот на ФК Победа. Клубот кој и онака го држи лидерското место за најголем скандал во мак- фудбалот, сега конкурира со нов.
Зимското засилување на ФК Победа, Бразилецот Рамон, по само неколку месеци престој во Прилеп – заминува, но и отвора судски спор против клубот и раководните структури. Конкретно, против претседателот на ФК Победа, Гоце Ингилизов.

БРАЗИЛЕЦОТ ЌЕ БАРА ПРАВДА НА СУД

Фудбалерот од Бразил пред неколку дена поднел кривична пријава против сега веќе својот поранешен клуб, ФК Победа Прилеп, и против нејзиниот претседател и потписник на сметката, Гоце Ингилизов, за измама. Тој тврди дека клубот не му ги исплатил предвидените финансиски средства за кои било договорено и затоа не само што ќе ги бара по судски пат туку и ќе докажува дека е измамен во целата работа.
„Сѐ започна откако јас, преку мојот менаџер кој е Хрват, се согласив да дојдам во Прилеп и да потпишам за Победа. Договорот гласеше на сума за месечен надоместок од 800 евра и кога пристигнав тука, договорот беше на македонски јазик. Тој не беше преведен на англиски, ниту на португалски ниту, пак, на кој било друг јазик на кој можев да го прочитам и да разберам што пишува. Во ниту еден момент не ми беше исплатена целата договорена сума, туку помали суми на пари, за на крајот да бидам исфрлен од станот каде што престојував, без да ја добијам целата сума. Клубот не се однесуваше кон мене како што треба и јас не можам да останам рамнодушен, што се вели. Си ги барам парите за кои се договорив да ѝ пристапам на Победа и нема отстапување од тоа“, вели Бразилецот Рамон за „Македонски спорт“.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …