среда , 26 јули 2017
evropska-unija-zastava-foto-01-reuter_f

Брисел ги одбива предлозите на Лондон за правата на граѓаните на ЕУ

Главниот преговарач на ЕУ за процесот на Брегзит, Мишел Барние денеска изјави дека засега постојат разлики во позициите на Брисел и Лондон околу правата на граѓаните на Унијата во Велика Британија.

Барние на прес-конференција во Брисел изјави ЕУ не се согласува со предлогот на Лондон правата на граѓаните од Унијата што живеат во Велика Британија да се регулираат со британски закон, посочувајќи дека искуството покажува оти националните закони можат да бидат подложни на промени.

Тој потенцира дека пред да се премине кон нова фаза од преговорите за Брегзит, што ќе се однесува на идните меѓусебни односи, неопхдно е да биде постигнат договор за правата на граѓаните на ЕУ, за финанските обврски на Лондон кон Унијата и за прашањето за границата меѓу Велика Британија и Ирска.

– Постигнувањето договор по само едно или две од овие прашање нема да биде доволно, бидејќи тие три теми се неделиви, додаде Барние.

Тој најави дека следната недела и во текот на август ќе се одржат неколку средби во обид да се постигне напредок по овие прашања.

– Ни претстои тешка работа. Треба вистински да ги засукаме ракавите. Подготвени сме да работиме деноноќно, изјави Барние.

Тој нагласи дека позициите на ЕУ се јасни и дека Брисел очекува да добие јасни ставови и од страна на Лондон.

– Неопходно е Велика Биранија да ги признае обврските кон буџетот на ЕУ. Исто така сакаме ирската граница да биде посебна заедничка зона за премин, потенцира Барние,

Тој нагласи и дека ЕУ бара Велика Британија да ги признава ингеренциите на Судот на Унијата, преку кои би се решавале споровите.

Слични написи

Germany

Речиси половина од невработените во Германија се странци

Речиси половина од невработените во Германија се граѓани со т.н. миграциска заднина, а повеќе од …