недела , 20 август 2017
hanEU

Брисел не ја потврдува, ниту ја негира посетата на Хан на Македонија

Европската комисијата засега не ја потврдува посетата на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на Македонија. Од Брисел потсетуваат дека работните агенди на еврокомесарите за идната работна недела се прецизираат и се објавуваат во петок.

Телевизија „Телма“, вчера, повикувајќи се на дипломатски извори, јави дека Хан следната недела, во вторник, ќе допатува во неколкучасовна посета на Македонија за да го забрза процесот на решавање на политичката криза и да го убеди претседателот, Ѓорге Иванов, да ја смени својата одлука и да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада.

Сепак, неизвесно е дали Хан ќе има средба со Иванов, имајќи предвид дека македонскиот претседател по посетата на Азербејџан попатно ќе ја посети Унгарија, а на 24 март е во посета на Австралија.

Хан денеска е во Сараево, каде учествува на Самитот за регионална соработка на Западен Балкан, на кој учествува и македонскиот технички премиер, Емил Димитриев. Се очекува, на маргините на самитот, Хан да има билатерална средба со Димитриев, на која ќе биде разговарано за политичката криза и за начинот како да се излезе од неа.

На состанокот, ќе учествуваат и премиерите на Албанија, Косово, Србија и на Црна Гора, како и министерот за надворешни работи на Италија, Ангелина Алфана.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …