среда , 20 септември 2017
euro (1)

Брисел сака да го направи еврото попривлечно за земјите членки на ЕУ

Европската комисија сака да го направи еврото попривлечно за членките на ЕУ, кои се уште не ја прифатиле европската валута, порача денеска еврокомесарот за економија Пјер Московиси.

Намерата е ЕУ да биде уште посилна по излезот на Велика Британија. Предлогот ќе биде објавен следната недела, а согласно разгледувањето на иднината на Еврозоната, што е дел од настојувањето да се оживее Унијата, без разлика на Брегзит и растот на евроскептицизмот.

Членките на ЕУ, освен Велика Британија и Данска, се обврзаа да го прифатат еврото, но нема рок кога тоа да се направи. Московиси објасни дека земјите членки треба постепено да напредуваат кон усвојување на еврото како валута, а ЕК нема овластување да ги принуди на тоа.

Во некои држави од Унијата јавноста е против воведување на еврото. Во Полска, на пример, 57 отсто од граѓаните се против воведување на еврото, додека мнозинството Хрвати, Унгарци и Романци се за негово прифаќање.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …