вторник , 26 септември 2017
kamsik1

Британец осуден во Саудиска Арабија на 350 удари со камшик заради домашно вино

kamsik1Велика Британија побара ослободување за возрасниот Британец, Карл Андре, кому му се заканува казна од 350 удари со камшик, откако кај него во Саудиска Арабија било најдено домашно вино.

Семејството на уапсениот Британец изјавува дека пресудата може да го убие, пренесоа британските медиуми.

Андре (74) во август 2014 година беше затворен на една година, но тој и натаму се наоѓа зад решетки во очекување на уште една казна затоа што ги прекршил строгите саудиски закони што забрануваат чување и консумирање алкохол.

-Имаше две пресуди. Едната, лишување од слобода, истече во август, а втората се ударите со камшик, за радио Би-Би-Си изјави синот на Карл, Сајмон Андре.

„Немаме никаква претстава како работите ќе се развиваат. Не ја критикуваме Саудиска Арабија затоа што такви се нејзините закони, тоа е нивниот начин на живот. Мојот татко ја одлежа казната, изрази жалење за тоа што се случи, и едноставно сака да си дојде дома“.

Сајмон Андре изјави дека неговиот татко, кој во последните 25 години работил за нафтени компании во Саудиска Арабија, не е во добра здравствена состојба, бидејќи три пати заболувал од рак и има астма.

-Тој е возрасен и слаб човек и стравувам дека оваа казна со ударите со камшик е потенцијална смртна казна за него, рече синот.

Британското Министерство за надворешни работи соошти дека вложува напори за негово ослободување.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …