вторник , 26 септември 2017
voenBrodKina-540x320

Британски воени бродови го следат пловењето на руската флотила кон Сирија

Два британски разурнувачи се испратени да ги следат рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ и придружната флотила од воени бродови, кои пловат кон Сирија, додека минуваат крај британските острови, соопшти Министерството за одбрана во Лондон.

Руската флотила се наоѓа во северниот Атлантик во реонот на Норвешко Море.

Засега не е познато дали конвојот воени бродови ќе навлезат во Северно Море за да минат низ каналот Ламанш или пак ќе пловат кон југ западно од брегот на Ирска.

– Бродовите ќе бидат следени во чекор, во секој дел од нивното пловење, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон.

Тој објасни дека двата британски брода и два други кои се подготвени да се вклучат во следењето доколку руската флотила навлезе во Ламанш, се испратени како мерка на претпазливост.

 Лондонските медиуми ваквата ситуација ја толкуваат како показател за натамошнто затегнување на односите меѓу НАТО и Русија.

Безбедносни експерти објаснуваат дека сегашната руска флотила во реонот на северна Европа е најголемата по 2014 година.

Носачот „Адмирал Кузнецов“ е единствениот ваков пловен објект на руската Воена морнарица на чии палуби има место за повеќе од 50 борбени авиони, а тој е опремен и со крстосувачки ракети.

Заедно со него, кон Сирија пловат и еден нуклеарен крстосувач, две брода за борба против подморници и четири бродови за подршка.

Рускиот воен телевизиски канал „Ѕвезда“ јави дека кон флотилата во Атлатикот ќе се приклучат и неколку руски подморнци, кои ќе го надгледуваат пловењето на целата флотила.

НАТО ја обвинува Москва за изведување „провокативни воени маневри“ и воздушни патроли, посебно во реонот на Балтикот.

Русија како провокација пак ги смета воведените патроли на авионите на НАТО крај нејзните граници.

Со пристигнувањето на флотилата во реонот на Источниот Медитеран крај брегот на Сирија, Русија значително ќе го засили своето воено присуство во регионот, каде веќе има десет воени бродови.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …