понеделник , 21 август 2017
5555

Бубевски: Притворот за Грујовски, Бошковски и Јакимовски треба да биде извршен

Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски во врска со неизвршената мерка притвор за Грујовски, Бошковски и Јакимовски изјави дека кога ќе се определи притвор од страна на суд, таа одлука треба да се изврши.

Тој посочи дека аргументите и доказите се на нивна страна и дека веруваат доколку обвинетите се жалат за притворот, Врховниот суд ќе одлучи правилно.

Во јавноста поделени се мислењата за тоа дали жалбата го одлага извршувањето. Законот за кривична постапка пропишува дека по одлуката на првостепениот суд, одлуката за притвор станува извршна и жалбата до Апелација не го одложува извршувањето, но не е пропишано што во ваков случај по поднесена жалба на одлуката на второстепениот суд.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …