вторник , 26 септември 2017
132858993-540x320

Бугарија и Полска потпишаа договор за ремонт на авионите МиГ-29

132858993-540x320Министрите за одбрана на Полска и Бугарија, Томаш Шемоњак и Николај Ненчев денеска во Варшава потпишаа билатерален Договор за логистичка поддршка на авионите МиГ-29, јави БТА.

Според договорот, се предвидува ремонт на шест мотори на авиони МиГ-29 на бугарското Воено воздухопловство во Полска, со што ќе се овозможи нивно користење во наредните осум години.

Ремонтот на првите четири мотори треба да биде извршен во следните шест месеци, а на преостанатите два во рок од четири месеци по завршувањето на првите ремонти.

Ремонтот на еден мотор ќе чини над еден милиони евра, со што вкупната вредност на договорот е над 6,1 милиони евра.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …