недела , 24 септември 2017
r-plevneliev

Бугарскиот претседател одби да го потпише Законот за воено разузнавање

r-plevnelievБугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска на Народното собрание му го врати на повторно разгледување Законот за воено реазунавање, што пратениците го усвоија на 1 октомври, јави БТА.

Како што соопшти Кабинетот на Плевнелиев, претседателот се решил на ваквиот потег поради одредбата од Законот со кој се предвидува дека директор на службата Воена информација може да биде само офицер во активна воена служба.

Во образложението на одлуката на Плевнелиев се посочува дека нема никаков убедлив аргумент зошто раководител на оваа служба да не може да биде цивилно лице со искуство во сферата на националната безбедност или вооружените сили.

Плевнелиев потсетува и дека од 2012 година со оваа служба раководело цивилно лице.

Својот став Плевнелиев го образложува и со аргументот дека службата „Воена информација“ не изавршува само задачи поврзани со одбраната, туку и со националната безбедност на државата.

– Надлежностите на службата на ниту еден начин не наметнуваат потреба за ограничување на можноста нејзин раководител да биде само активно воено лице, смета Плевнелиев.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …