среда , 26 јули 2017
celzi

Челси покажува интерес за Данило

Како што пренесуваат англиските медиуми, од управата на Челси веќе преговарале со своите колеги од Реал Мадрид за трансфер на Данило на „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот на актуелниот англиски шампион, Антонио Конте бил заинтересиран за фудбалерот на Реал Мадрид кога е во прашање засилувањето на дефанзивната линија од неговиот тим.

Данило во текот на ова лето се поврзуваше со трансфер пред се во екипата на Јувентус, како и со ПСЖ и Манчестер Сити, а сега наводно во трката за неговиот потпис се вклучи и лондонски Челси.

Бразилскиот репрезентативец пристигна во Реал Мадрид во 2015-та година и од тогаш настапи на 41 натпревар за „Кралевите“ и постигна три погодоци. Пред да се пресели во Реал Мадрид, тој ги бранеше боите на Порто, додека пак за репрезентацијата на Бразил има одиграно на 15 натпревари.

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …