петок , 22 септември 2017
gruevski sobranie

Честитка од Груевски по повод „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до македонските граѓани по повод 24 мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

– Почитувани граѓани, треба да бидеме бескрајно среќни и горди како народ, бидејќи Светите браќа Кирил и Методиј, кои од страна на неговата светост, Папата Јован Павле Втори се прогласени за заштитници на Европа, не вбројуваат меѓу народите кои дале огромен придонес кон светската наука и култура. Светите браќа Кирил и Методиј ни покажаа дека човековатаволја, добродетел, љубов и желба за творење можат да бидат бескрајни и да создаваат работи надвор од имагинацијата на времето и просторот во кој живееме, стои во честитката.

Како што наведува Груевски, Кирил и Методиј со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време, спротиставувајќи се на дотогаш ограниченото сфаќање дека знаењето и науката треба да се пренесуваат на само неколку тогашни јазици, ја проширија писменоста во дотогаш невидени размери и простори и допринесоа за унапредување на науката во целост.

– Нека Бог ни помогне и даде мудрост да го водиме и создаваме општеството според вредностите кои тие ни ги оставија, да бидеме мудри, взаемно да се почитуваме и да твориме во полза на општото добро, се додава во честитката.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …