сабота , 23 септември 2017
Vmro dpmne logo

Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври

vmro-dpmne
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

– Денес славиме 122 години од раѓањето на првата организирана идеја и мисла за слободна Македонија. Денес го славиме раѓањето на идејата за слободна Македонија. Борбата за Македонија се вика ВМРО. Формирањето на ВМРО значеше почеток на македонската борба, значеше Илинденско востание, значеше Народно-ослободителна војна, значеше АСНОМ, значеше 8 Септември, се вели во честитката.

Со формирањето на македонската револуционерна организација, како што е наведено во честитката, започна организираната борба на македонскиот народ за слобода и создавање на своја независна држава.

– Овој ден не потсетува на решителноста, одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. На овој ден им оддаваме почит на шестте великани, основоположници на идејата за слобода на Македонија, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Нивниот пример го следеа илјадници наши луѓе, кои несебично се жртвуваа за идејата за слобода за Македонија, се наведува во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …