сабота , 21 октомври 2017
nestorovski

Четири погодоци на Несторовски и најава дека ќе биде клучен играч следната сезона

Македонскиот фудбалер, Илија Несторовски на својот прв натпревар за Палермо со капитенската лента постигна четири погодоци и најави дека ќе биде клучниот играч во идната сезона.

 Како одминува преодниот рок, така се поизвесно е дека Илија Несторовски нема да направи трансфер, ќе остане во Палермо и ќе се бори за експресно враќање во Серија А.

На вчерашната прва контрола на подготовките во која Палермо победи австриски нисколигаш со 13-2. Несторовски четири пати ја тресеше противничката мрежа.
„Задоволен сум со овие четири гола, но важното од вчерашниот натпревар е дека игравме како тим. Среќен сум што вчера прв пат бев капитен, ова за мене е една многу убава работа и мотивација да работам уште повеќе. Благодарам на Ѕампарини што ми ја даде довербата. Имам уште три години од договорот со Палермо, подготвен сум да останам, во моментов не размислувам за трансфер. Нашата цел е веднаш да се вратиме во Серија А затоа што овој град, овој клуб и овие навивачи го заслужуваат тоа“ – изјави Несторовски за сајтот на Палермо.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …