понеделник , 25 септември 2017
132858959-540x320

Четиринаесет министри и пратеници во Вануату осудени за корупција

132858959-540x320Вкупно 14 политичари на малата островска држава Вануату, во Тихиот Океан, се осудени за примање поткуп и корупција.

Меѓу осудените се заменик премиерот на земјата, како и министрите за надворешни работи и за финансии и пратеници во локалниот Парламент.

Сите осудени се прогласени за виновни затоа што минатата година, преку заменик премиерот примиле поткуп во вредност од 312 илјади американски долари, за врз нив да се обезбеди влијание.

Заменик премиерот е осуден на четири години затвор, додека сите другите добија по три години, освен министерот за финансии кој е осуден на услова казна од 20 месеци, затоа што единствено тој ја признал вината.

Целиот случај доби драматичен пресврт, откако Спикерот на Парламентот ги помилувал сите осудени, вклучувајќи се и себе си.

Пресудата била донесена во време кога претседателот на Вануату, Болдвин Лонсдејл, бил на службено патување во странство.

Спикерот на Парламентот ја искористил можноста, па дејствувајќи како в.д. претседател извршил помилување, што може да го направи само шефот на државата.

По враќањето во Порт Вила, претседателот Лонсдејл ги поништил сите помилувања, а Врховниот суд ја прогласил целата постапка за неуставна.

Засега не се знае дали пресудата на Врховниот суд значи „неуставност“ и за изречените казни. Во тој случај би требало да се изврши ревизија на процесот и да се изречат нови казни за обвинетите политичари.

Скандалот предизвика и длабока политичка криза, затоа што половината од пратениците на владејачката партија и неколкумина министри се во затвор.Тоа налага нови парламентарни избори, иако оваа админстрација ја презеде власта во јуни оваа година.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …