понеделник , 23 октомври 2017
pinoche

Чиле формира специјална единица за истрга на злосторствата на режимот на Пиноче

pinoche
Чиле формира специјална единица во рамки на армијата како помош во истрагата за злосторства извршени од режимот на диктаторот Аугусто Пиноче, со цел да се стави крај на „заговорот со молчење“ што ги штити сторителите.

Новата единица е формирана како одговор на тврдењата дека чилеанската армија ги блокира информациите за кршење на човековите права извршени за време на диктатурата од 1973 до 1990 година, кога се убиени или исчезнати над 3.000 лица, а измачувани се околу 38.000 луѓе.

– Тоа што се случило за време на диктатурата е тешко за сите Чилеанци. Но, ова е 2015 година. Денеска имаме армија што бара начини од себе да создаде институција за иднина, изјави чилеанскиот министер за одбрана Хозе Антонио Гомес.

Според него новоформираната единица нема самостојно да врши истраги, туку ќе делува и соработува со судовите. Со неа ќе раководи поранешниот судија на Врховниот суд Алехандро Солис, што претходно работеше на истрага на злосторствата на тајната полиција на Пиноче.

Моментално пред суводите во Чиле се води истрага за околу 1.000 случаи на киднапирања, убиства и тортура, кои биле извршени од агенти на режимот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …